Вести Спорт

Уапсен претседателот на Фудбалската федерација на Перу

Претседателот на перуанската фудбалска Федерација (ФПФ) Агустин Лозано е приведен како дел од истрагата за корупција, изнуда и перење пари, јавија денеска локалните медиуми.Од 2018 година, Лозано е вториот претседател на перуанската Федерација кој е уапсен, откако неговиот претходник беше под истрага за наводна вмешаност во две убиства, за кои подоцна беше ослободен.

Со лисици на рацете, Лозано беше спроведен до полициско возило пред неговата куќа во Лима, во присуство на неколку новинари. Тој вети дека ќе ги расчисти сите недоразбирања и побара од јавноста да се воздржи од осуда.

Освен него, уапсени се уште шест лица. Обвинителот што го води случајот изјави за локалното радио дека Лозано е под истрага повеќе од една година. Иако тој не беше кривично обвинет, властите наредија негово апсење поради опасност од бегство и попречување на истрагата.
Лозано и претходно беше во судир со законот, откако во 2023 година обвинителите побараа негово апсење како дел од истрагата за финансиски измами во период кога беше градоначалник на градот Чонгојапа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Дејан Дејан

САД привремено ги ублажи санкциите за нафта додека Иран ги негира тврдењата на Венс за нуклеарни инспектори

Дејан Дејан

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе