Антологиската драма на Војдан Чернодрински „Македонска крвава свдба“, Бугарите од Битола ја направија Бугарска. Иако Здружението „Ванчо Михајлов“ година и половина е избришано од Централниот регистар, на објектот на улицата Рузвелтова натписот го нема, но, се уште се вее бугарското знаме и не запираат активностите, кои членовите ги споделуваат на социјалните мрежи. Во очи Денот на ослободувањето на Битола на нивната ФБ страница беше објавено видео во кое се презентира третото издание на „Македонска крвава свадба“ претставена како бугарското културно наследство.
„Публикуваме оригинални документи, оригинални текстови, без корекциите Бугарка да се чита Македонка, Бугарија да се чита како Македонија“, рече промоторот на книгата Калин Крумов.
Ова се провокации и повреда на македонските национални чувства, вели потпретседателката на македонското собрание Весна Бендевска, која денеска го извести обвинителството дека клубот се уште работи.
„Ќе барам да најдата начин да ги употребата одредбата од членот 66 од Законот за здруженија и фондации кои вели секој граѓанин може да поведе иницијатива пред јавниот обвинител за забарана за вршење на дејност на здружение на граѓани“, вели рече Весна Бендевска, потпретседател на Собранието на РМ.
Бугарското здружение беше избришано од Централен регистар лани во март, откако тогашниот министер за правда, го одби барањето здружението да го користи името на Ванчо Михајлов, соработник на фашистите во Втората светска војна. Потоа Обвинителство покрена обвинение против претседателот на здружението, Љупчо Георгиевски за ширење национална омраза кон македонскиот народ и придобивките од НОБ .и ксенофобија преку компјутерски систем. Судскиот процес во Основниот суд во Битола е во тек и следното рочиште е закажано оваа среда.