Кошарка Спорт

Кливленд и Оклахома остануваат перфектни во НБА-лигата (ВИДЕО)

Кливленд ја продолжи фантастичната форма на стартот од сезоната во НБА-лигата, а во исто време ја продлабочи кризата на Милвоки со победата од 113-114 на гостински паркет. Донован Мичел со 30 поени ги предводеше Кавалирс до седмата победа на седмиот натпревар во новата сезона. Демијан Лилард имаше 41 поен, а Јанис Адетокумпо 34 поени со 16 скока, но тоа не беше доволно за Бакс, кои имаат очаен скор до 1-5.

Во Западната конференција перфектна е и Оклахома, која славеше со 92-105 на гостувањето кај Лос Анџелес клиперс. Целата стартна петорка на Тандер имаше двоцфрен ефект во нападот, а Шаи Гилџеус Александер беше најефикасен со 25 поени, а кај Клиперс, Ник Пауел реализираше 24 поени.

Шампионот Бостон победи во Шарлот со 103-113, Филаделфија на домашен паркет беше поразена од Мемфис со 107-124, а Никола Јокиќ со 27 поени и 16 скока го предводеше Денвер до триумф од 129-103 против Јута.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Торонто – Сакраменто 131-128 (пп)
Хјустон – Голден Стејт 121-127 (пп)
Сан Антонио – Минесота 113-103
Вашингтон – Мајами 98-118
Феникс – Портланд 103-97

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Младите шахисти ќе ги одмерат силите на „КВАЛИТЕТ 2025“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе