Спорт Тенис

Ѓоковиќ со пресврт го „скрши“ младиот Меншик

Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Тејлор Фриц во полуфиналето на мастерс тенискиот турнир во Шангај.

Ѓоковиќ денеска со пресврт го победи младиот Јакуб Меншик. Чешкиот тенисер кој има само 19 години го освои првиот сет во тај-брејкот, но Србинот врати во следните два со 6-1 и 6-4 за пласман меѓу најдобрите четири. Ѓоковиќ во своето 78.мастерс полуфинале ќе ги одмери силите со Тејлор Фриц.

Американецот денеска го елиминираше Давид Гофан за само 82 минути и тоа со 6-3 и 6-3. За Фриц ова е трето полуфинале на тврда подлога на мастерс турнир и само прво откако ја освои првата  титула од серијата 1.000 на Индијан Велс во 2022 година.

Второто полуфинале е помеѓу првиот фаворит Јаник Синер и Томаш Махач, кој вчера сензационално го елиминираше Карлос Алкараз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе