Вести Топ вести

Започна увидот во опожарената зграда во Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со полициски екипи ги започна увидните дејствија во зградата на улицата „Прохор Пчињски” во Чаир каде на втори октомври избувна пожар во подрумските простории.

Од МВР информираа дека претходно од страна на СВР Скопје биле извршени сите подготовки и бил обезбеден влез во објектот, а пристапот до објектот се врши строго контролирано и во присуство на станарите се врши попис на предмети и штетата на станбените единици.

„Подрумските простории, од каде според првичните информации започнал пожарот, се уште се обезбедуваат за пристап и испитување на причините. Траењето на увидните дејствија на терен ќе зависи од времето неопходно за прибирање на сите докази“, велат од МВР.

Во гаснењето на пожарот кое траеше повеќе од осум часа, учествуваа 20 пожарникари со седум противпожарни возила, а поради густиот црн чад од Итната медицинска помош информираа дека имаат дадено медицинска помош на 10 деца, 21 возрасен, еден пожарникар, како и една бремена жена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почнаа уписите на првачињата во основните училишта во земјава

Дејан Дејан

Бугарите од соседството редовно ја посетуваат Струмица во потрага по пониски цени и малку забава

Дејан Дејан

Кој го штити, а кој работи против против Законот за јазиците – партиите од албанскиот блок со меѓусебни обвинувања

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе