Вести Македонија Најважни

Ураганот Милтон удри на копно на Флорида

Торнада, поплави и дождовни бури. Ураганот Милтон удри на копно на Флорида, со својата моќна сила оваа историска закана се движи кон Атлантикот, создавајќи урагански ветрови кои дуваат со брзина посилна од 200 километри на час. Повеќе од три милиони домови и деловни објекти останаа без струја, а изваштаите говорат и „голем број смртни случаи“ на брегот на Атлантикот.

Од минимален ураган Милтон за помалку од 10 часа ја достигна највисоката категорија од петти степен. Во Санкт Петербург, на западниот брег на Флорида водоснабдувањето е прекинато, а покривот на бејзбол стадионот е откорнат. Беше забележано торнадо како го корне коловоз во Флорида во моментот кога се префрли на копно.

На патот на Милтон се најде и Тампа, место кое сега е во средиштето на опасноста после еден век. По ударот на заливскиот брег на Флорида, силата на ураганот Милтон, се спушти на трета категорија, претходно со себе ги понесе и топлите води на Мексиканскиот Залив, двапати достигнувајќи статус од петта категоријата. Ураганот донесе смртоносен бран на бури во поголемиот дел од Заливот на Флорида, вклучувајќи ги и густо населените области како Тампа, Санкт Петербург, Сарасота и Форт Мајерс.

Телефоните во служните за итна интервенција постојано звонат од синоќа Националната метеоролошка служба на Флорида издадоа вкупно 133 предупредувања за торнадо. Канцелариите во Мајами и Тампа издадоа по 49 предупредувања, додека Мелбурн имаше 35.

  • „Ние сме фокусирани на тоа само да се поправи, знаете, да добијат помош луѓето на кои им е потребна. Повторно, оваа заедница беше погодена. Од она што го покажуваат дојавите, најтешко, и повторно е погодена. Повторно, велиме дека ова не беше очекувано“ изјави Кеит Персон, шериф на округа Сент Луција.

Според прогнозите Милтон се очекуваше да остане ураган додека да го преминува полуостровот Флорида денеска, односно пред да се појави во Атлантскиот Океан. Жителите, чии домови претходно беа поплавени од бурата Хелен се засолниле во училиште во Њу Порт Ричи, на Флорида.

  • „Дојдовме овде во понеделникот, па ги сфаќаме овие работи сериозно. И живееме во зона на поплава. И кога Хелен дојде, ни ја поплави куќата и моравме да го замениме нашиот клима уред, подот во главната спална соба и во нашата спална соба, а тоа чини прилично пари“ рече Бил Роџерс, евакуиран.
  • „Хелена ни ја поплави куќата. Имавме 4 стапки вода во неа. Оттогаш го отстранија панелите и сега не можеме да живееме во неа. Така, најдовме подвижна куќа во која ќе се преселиме и сега сме во мобилниот дом. Па ни рекоа да ги евакуираме мобилните домови поради интензитетот на ураганот“ евакуираната Розмари Смит.

Надлежните се надеваат дека ураганот Милтон ќе продолжи да слабее и откако ќе ја премине Флорида од запад кон исток, ќе се пресели во Атлантикот. Допрва се очекува да бидат направени првичните проценки на штетите.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани

Sasko Dimovski

Клековски: Замолувам да нема „слободни јавачи на епидемијата“ – Пановски, Беќаровски и Ристески му реплицираа на социјалните мрежи

Sasko Dimovski

СДСМ: Наместо одговорност за труењето на граѓаните, Клековски и ВМРО-ОКГ со напад на лекарите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе