Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ДУИ пред Уставен суд за укинувањето на балансерот: Шокантна одлука

/

Македонија

Сподели преку :

ДУИ на ноќна прес-конференција пред Уставниот суд за денешната одлука на Судот за укинување на т.н. „балансер“ оцени дека станува збор за шокантна одлука и „директен удар врз Охридскиот договор и мултиетничката стабилност“. Уставниот суд денеска го укина како противуставно,  решението за вработување во јавната администрација по етнички клуч познато како балансер.

Арбр Адеми најави дека ДУИ ќе побара „реакција од меѓународната заедница“.

-Се собравме да ја осудиме шокантната одлука на Уставниот суд за забрана на изјаснување на етничката припадност. Оваа одлука претставува директен напад врз правата на заедниците во Македонија и ќе има сериозни последици за правично и еднакво функционирање на институциите. Декларирањето на етничката припадност е неотуѓиво право и неопходен елемент за да се обезбеди правична застапеност на сите заедници. Преку оваа одлука се удира на принципот на еднаквост. Одлуката за забрана на етничката припадност не е изолиран чекор. Тоа има широки и длабоки последици, вклучително и елиминирање на можноста институциите да го рефлектираат мултиетничкиот состав на нашата држава, рече Адеми.

Нема повеќе вработувања по Балансер, вработените остануваат на работа

Нема повеќе вработувања по етнички клуч. Мнозинството уставни судии одлучија дека, таканаречениот го повредува уставно загарантираното право на работа и слободен избор на вработување. Одлуката е укинувачка, а не поништувачка, така што сите што досега се вработиле според оваа алатка, остануваат на работа. На законодавецот му се дадени насоки, како понатаму да се нормира прашањето… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2