Ракомет Спорт

Вардар со лесна победа против Валур во Европската лига

Ракометарите на Вардар вечерва во „Јане Сандански“ го совладаа исландски Валур со 33-26 во рамки на првото коло во групата Ф во Европската лига на ЕХФ.

„Црвено-црните“ во првото полувреме го решија прашањето околу победникот, бидејќи по првите 30 минути имаа водство од 19-11. Во вториот дел иако имаше мал пад во играта на македонскиот тим, избраниците на тренерот Владо Недановски не дозволија Валур да се понадева на шанса за изненадувања. Конечниот резултат беше 33-26 за поранешниот двократен европски првак.

Марко Срдановиќ и Вуко Борозан со по шест голови беа најефикасни во редовите на Вардар, додека голманот Мигел Еспиња запиша 14 одбрани.

Во второто коло, следниот вторник Вардар гостува кај германски Мелсунген кој вечерва славеше на гости кај Порто со 24-29. Интересно е тоа што бундеслигашот од клупата е предводен од поранешниот тренер на Вардар, Раберто Гарсија Парондо, а во тимот играат уште двајца поранешни „вардарци“ Даинис Криштопанс и  Рожерио Фереира Мораеш.

Фото: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе