Тачи си заминува, ДУИ не го пушта. Откако со денови негираа дека претседателот на ДПА излегува од нивната коалиција, ниту синоќешното интервју, во кое тој и официјално најави дека го напушта „Европскиот фронт„,за нив не е доказ дека ќе останат без неговата поддршка. Напротив, тврдат дека ништо нема да се смени.
Што се однесува до пратеничката група, Зендели тврди дека „коалицијата ќе продолжи да дејствува опозициски и во полн состав“.Според неа, за се` што се случува околу Европскиот фронт, одговорноста ја сносат лидерите и пратениците на партиите кои ја сочинуваат коалицијата.Засега, вели, не постои страв дека некои пратеници од ДУИ можат да преминат во владејачкото мнозинство.
Претседателот на ДПА, пак, ниту во интервјуто не ги откри причините, зошто си заминува од коалицијата, а директно не посочи ниту како ќе дејствува понатаму. Рече дека не жали што бил дел од „Европскиот фронт„. За ДУИ вели дека биле главна сила, но не се согласувал со Ахмети за сите потези, како што се двете пратенички места за партиите на Турците, кои не добиле ни трицифрени гласови.
Ја критикуваше и владејачката коалиција, особено „Вреди„, за кои рече дека „се бескорисни и по некое време ќе станат штетни„.
Далиборка Демјански
