Кошарка Спорт

МЗТ без многу мака го совлада Теодо на отворањето на АБА2

МЗТ Скопје ја отвори сезоната во АБА2-лигата со убедлива победа на домашен паркет против тимот на Теодо. Македонскиот првак славеше со 68-50.

Аеродромци доминираа на паркетот во „Јане Сандански“ од почеток до самиот крај на натпреварот. По првата четвртина беше 21-13, а на полувремето македонскиот состав водеше со 35-24. Гостите од Тиват за момент се заканија во третиот период кога намалија на пет поени разлика, но МЗТ брзо одговори и ја врати двоцифрената предност. Највисокото водство МЗТ го имаше со 23 поени, а конечниот резултат гласеше 68-50.

Војдан Стојановски со 13 поени и Марко Баковиќ со 12 го предводеа нашиот тим до победата. Во новиот формат во АБА2, МЗТ следниот натпревар во рамки на групата А го игра на гости кај Цедевита Јуниор на 10.октомври.

Сезонава уште два македонски тимови ќе играат во второто по ранг регионално натпреварување.

Работнички се најде во групата Б и во првото коло во четврток ја пречекува Сутјеска, а останатите ривали се Босна и Војводина. Пелистер пак е во групата Ц, а првиот натпревар го игра на 1.октомври во Битола против Широки. Останатите противници на битолчани во групата се Подгорица и Вршац.

Фото: МЗТ Скопје/Данаил Петровиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Квартараро до хет-трик пол-позиции, но браќата Маркез доминираа на спринтот на „Силверстон“

Дејан Дејан

Ландо Норис на пол-позицијата во Монако

Дејан Дејан

Индијана направи втор „брејк“ во Њујорк (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе