Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ во новата сезона ќе го носи дресот на турскиот гигант Фенербахче.
Центарот, кој е висок 224 сантиметри потиша едногодишен договор со поранешниот европски првак. По девет години НБА-кариера каде играше за Сан Антонио, Детроит, Лос Анџелес клиперс, Филаделфија, Далас и Хјустон, Србинот реши да се врати во Европа. Во својата НБА-кариера, 36-годишниот кошаркар одигра 362 натпревари.
Во својата европска кариера тој играше во домашните тимови на Хемофарм, Мега Визура и Црвена Ѕвезда, а го носеше и дресот на Жалгирис, ЦСКА Москва и Нижни Новгород.