Вести Спорт Топ вести

Почина Свен Јеран Ериксон

Шведскиот фудбалски тренер Свен Јеран Ериксон почина во 76 година од животот по борбата со рак на панкреасот. Смртта на Ериксон ја потврди Бо Густавсон, поранешен агент на Лацио за тренери во Шведска. Според него, прославениот фудбалски тренер починал во домот, опркужен со семејството.

Тренерската кариера ја започна во родната Шведска, во екипите на Дегерфорш и на Гетеборг кои му беа отскочна даска за ангажман во странство. Предводеше бројни клубови на меѓународната сцена, пред сè, во Англија и во Италија.

Беше тренер на Манчестер Сити, на Лестер, на Лацио, на Бенфика, на Рома, на Фиорентина, на Сампдорија, но и селектор на Англија, на Мексико, на Брегот на Слоновата Коска и на Филипини.

Ја предводеше Англија во два меча против Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2004 – во, тогаш, сензационалното реми (2:2) на „Сент Мери“ во Саутемптон и во победата со 2:1 во реваншот на Градски во Скопје.

Фото: принтскрин/Јутјуб

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топлотниот бран урива рекорди во Западна Европа – одржувањето на зеленилото клучно за урбаните средини

Дејан Дејан

(видео)Спасено мало срнче на Пелистер кое го нападнало куче бездомник

Дејан Дејан

Пазарна инспекција ги проверува книгите на големите маркети, како се движеле цените на одредени производи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе