Вести Македонија

Седница на Судски совет

Судскиот совет на Република Македонија денеска ја одржува 496. седница на која на дневен ред се повеќе точки помеѓу кои и оглас за избор на претседател на Основен суд Гевгелија и усвојување на правилници за користење службен мобилен телефон и службени моторни возила од возниот парк на Советот.

Покрај усвојување на записникот од 491 седница, на денешната седница е предвидено и утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија како и констатирање на престанок на ВД претседател на Основен суд Велес и донесување на одлука за определување на ВД претседател на Основен суд Велес.

На седницата ќе се одлучува и за престанок на судии поротници во Основен суд Куманово и Основен суд Гевгелија и избор на судии поротници на Основен суд Гевгелија како и одлучување по барање за одвоен живот на судија.

Разгледување на извештаи за исполнетост на критериумите за избор на претседател на Основен суд Кочани, Основен суд Охрид, Основен суд Радовиш и Основен суд Струмица, разгледување на известување за времено упатување на судија во Основен суд Струга и разгледување на можноста за спроведување на психолошкиот тест и тестот за интегритет се, исто така, дел од точките на дневниот ред.

На крајот од седницата е предвидено да се расправа по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет, како и донесување на Одлука за измена на подносител на барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и формирање на комисии на известители по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе