Вести Економија Македонија Топ вести

Од полноќ поскапуваат дел од горивата

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 71,5, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 71 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 79,5, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 81,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,491 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 46,295 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,126 отсто, кај дизелот за 1,333, кај екстра лесното масло за 2,161, а кај мазутот за 1,851 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,3232 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Вучиќ од вечерашниот митинг: Ќе бидам претседател уште неколку недели, а потоа ќе поднесам оставка

Дејан Дејан

(видео)1.430 загинати најнов биланс на жртвите во земјотресот во Венецуела – пред затворање на 72-часовниот прозорец пронајдено живо бебе

Дејан Дејан

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе