Вести Македонија Спорт Топ вести

Почина македонската кошаркарска легенда Лазар Лечиќ

Синоќа во Скопје, на 85-годишна возраст, почина Лазар Лечиќ, еден од најистакнатите кошаркарски имиња во историјата на Македонија. Лечиќ беше истакнат и почитуван тренер во поранешна Југославија, оставајќи неизбришлива трага со поставување на кошаркарските темели од осамостојувањето на Македонија.

Кариерата ја започна во екипата на Работнички, а потоа, во неколку наврати, беше и нејзин тренер. Најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1978 година. Работеше и во МЗТ Скопје, во Никол Ферт, беше тренер и надвор од Македонија, во Борац Чачак, во Олимпија Љубљана, во Војводина, во Арис. Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација која во 1970 ја освои светската шампионска титула. Во 2015 година ја доби државната награда „8 Септември“.

Погребот на Лечиќ ќе биде утре, 14 август на гробиштата Бутел. Телото на Лечиќ ќе биде изложено во капелата од 10:30 до 11:30 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дали Јанушев крие фирма во Бугарија – СДСМ бара истрага од Антикорупциска, од Владата велат се работи за инсинуации

Дејан Дејан

Финансиската дупка во ПИОМ нова политичка препирка меѓу власта и опозицијата

Дејан Дејан

„Здрава котлина“: Одлуката за рудникот Иловица е шок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе