Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1 август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,71 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика.
За деловните корисници, односно околу 1.200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење, поевтинува за 17,3 отсто кај оние приклучени на ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и за околу 40 отсто кај ЕСМ Енергетика.
Како што информира претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, намалувањето на цената за домаќинствата е пресметано без субвенции.
Доколку продолжи субвенционирањето на сметките за парно греење намалувањето на цената би било 17,35 отсто. Цената, пак, за деловните корисници воопшто не беше субвенционирана и досега.
