Вести Економија Најважни

Зголемените пензии ја продлабочија дупката во ПИОМ

За да може пензионерите да добијат зголемување од 2,500 денари, а владата да го исполни предизборното ветување, од државната каса во ПИОМ се префрлаат дополнителни 65 милиони евра. Од ребалансот може да се види дека претходно за да се покрие дупката за пензии во фондот биле потребни над 320 милиони евра. Но, сега за ова ќе бидат потребни близу 400 милиони евра.

„Во однос  на пензиите имате одредено зголемување, но во исто време тоа повлекува и дополнителни трошоци за фондот за здравство“, вели министерката за финансии, Гордана Димитроска Кочоска

Од ребалансот може да се забележи дека се крати од здравството, но и од други места каде веќе извесен период има слабости и проблеми кои треба да се санираат за да може граѓаните да добијат подобра услуга. Министерката Кочоска вели дека тоа е така за да може да се сервисираат стари обврски од судски предмети од крешење на законот за работни односи.

„Околу 30 милиони евра во 2023 година се исплатени само за извршни исправи оваа година ќе бидат многу повеќе пари, затоа што претходните министри не воделе сметка колкави штети прават по буџетот од овие дополнителни законски камати и судски предмети  кои ги создавале, најчесто се од повреди од законот за работни односи кај се префрлени вработени од едно на друго место исто има и непочититување на колективни договори, а во министерството за здравство имаат посебни сметки и тие имаат повеќе средства во однос на она што им е скратено“, вели Кочоска. 

Со ребалансот на буџетот за пензиите се издвојуваат плус 80 милиони евра, за платите 66 милиони евра плус. Освен за здравство помалку пари има за одбрана транспорт, за финансии. Повеќе добива претседателот, собранието, МВР.

Со ребалансот државата планира да собере 5,2 милијарди евра, а да потроши 5,8 милијарди евра, јавниот долг, пак, ќе достигне загрижувачки 68,2 проценти од БДП.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Прекинат е инвестицискиот циклус за домашните компании, рече Битиќи (видео)

Дејан Дејан

(видео)Битиќи во Вин-Вин: Пожарникарите треба да земаат по 100.000 денари месечна плата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе