Дали Скопје има градоначалник, прашуваат од Либерално демократската партија. Ги повикуваат градските власти да ја искосат тревата и да ги средат парковите.
– Градот Скопје, како и претпријатието “Паркови и зеленило” не само што не се грижат за изгледот на зелените површини, туку и не се грижат за здравјето, благосостојбата како и квалитетот на живот на нашите граѓани. Токму затоа очекуваме да преземат конкретни мерки за подобрување на состојбата на парковите и зеленилото во нашиот главен град, велат од партијата.
Од ЛДП порачуваат дека се решени да се заложат за подобрување на состојбата на јавните зелени простори, вклучувајќи го чистењето и редовното одржување на зеленилото.













