Спорт Тенис

Ѓоковиќ надигран: Алкараз го одбрани трофејот на Вимблдон (ВИДЕО)

Карлос Алкараз успешно ја одбрани титулата на Вимблдон откако денеска во големото финале, исто како и лани го победи Новак Ѓоковиќ. За разлика од минатата година, овој пат мечот беше далеку поизвесен, бидејќи Шпанецот славеше во три сета.

Алкараз до четвртата грен слем титула во кариерата, а втора на англиската трева дојде откако првите два сета ги доби со убедливи 6-2, но во третиот славеше во тај-брејкот. Шпанецот многу порано можеше да го реши мечот во третиот сет, бидејќи водеше со 5-4 во гемови и при свој сервис водеше со 40:0. Тогаш Ѓоковиќ за прв пат на овој меч покажа само дел од својот огромен квалитет, па спаси три меч топки. Во тај-брејкот, сепак, Алкараз повторно беше подобар со 7:4.

Шпанецот стана само шестиот тенисер во Опен ерата со што ги освоил Ролан Гарос и Вимблдон во иста година, покрај Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер, Род Лејвер и Бјорн Борг.

Српскиот тенисер останува рекоредер со 24 грен слем трофеи во кариера, но интересно се уште нема освоено ниту една титула во 2024 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе