На македонските градилишта се работи и на над 40 степени. Точно напладне на една од штипските улици се ставаше жешка асфлатна маса, на друго градежни работници истовараа материјал, а на третото градилиште си го собираа алатот. Ресорните министерства здравство и за труд и економија се уште немаат донесено мерки и препорака за заштита на работници од високите температури за овој топлотен бран. Од „Гласен Текстилец“ апелираат веднаш да се донесат мерките, со цел да се заштитат работници, кои пред се работат на отворено.
До „Гласен Текстилец“ за претходниот топлотен бран пристигнале околу 15 претставки од работниците, од кои најголем дел се за несоодветна температура во фабриките, иако сите се климатизирани.
Штипските работници реагираат и на автобускиот превоз во кој не се пуштаат клима уредите при превозот на работниците.
Според Кристина Ампева од Гласен Тексителец работодавците плаќаат за превоз на своите работници на неколку транспортни компании и треба да побараат од превозниците да ги почитуваат условите потпишани во договорите.
Викторија Јованова













