Јувентус денеска го промовираше Тијаго Мота за нов тренер на клубот, кој доаѓа на местото на Масимилијано Алегри.
Бразилецот со италијански пасош потпиша тригодишен договор со најтрофејниот италијански клуб. Тој две години седеше на клупата на Болоња, а изминатава сезона го водеше клубот до прв историски пласман во Лигата на шампиони откако финишираше на 5.место на табелата.
Мота имаше фантастична играчка кариера во Барселона, Атлетико, Џенова, Интер и ПСЖ. Тренерската кариера ја почна во младинските категории на ПСЖ, а потоа ги водеше Џенова и Специја, пред да седне на клупата на Болоња во 2022 година.
Во Јувентус ќе има за задача да го врати шампионскиот трофеј во Серија А, што го нема освоено четири години.