Селекторот на шпанската тениска репрезентација, Давид Ферер потврди дека Рафаел Надал и Карлос Алкараз ќе играат во двојки на олимписките игри во Париз.
Ферер објави дека Шпанија на Игрите ќе ја претставуваат пет тенисери – Карлос Алкараз, Рафаел Надал, Пабло Карењо Буста, Алехандро Давидович Фокина и Марсел Гранолјерс.
Надал има олимписко злато во сингл – на Игрите во Пекинг во 2008 година, но и во дубл со Марк Лопез на Олимпијадата во Рио де Жанеиро во 2016 година.
Тенискиот турнир на Олимписките игри во Париз е од 27 јули до 4 август на терените на Ролан Гарос.