Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кај беа вчера делегатите на СДСМ? На викенд или кај Максим?

/

Македонија

Сподели преку :

Дали вистинската причина за одложувањето на конгресот на СДСМ е тоа што 2/3 од делегатите не се појавиле? Од 750 делегати, синоќа во скопскиот хотел, каде требаше да расправаат за изборниот дебакл, дошле околу 200.

Од актуелното раководство не негираат дека имало помал број на делегати, но тврдат дека точната бројка не ја знаат. Свесни се и дека, дел од делегатите преминале во ЗНАМ.

Членството и симпатизерите незадоволството го истураат на социјалните мрежи, каде „преседан“, „шлаканица“и „конгресен дебакл“ се најчестите епитети.  Највисоките партиски органи се обвинувани дека „се служат со лаги, ја манипулираат јавноста, ја носат партијата во бездна, а делегатите ги третираат како овци“.

Дури и кандидатот за нов претседател на СДСМ, Јован Деспотовски, напиша дека „ова е резултат на тоа што членството се третира како гласачка машина“. Лукаревска вели дека конгресот е одложен поради потребата да се анализира обемниот извештај, во кој е нотирано и незадоволството.

Лукаревска не сакаше да прејудицира кога ќе продолжи конгресот и дали можеби ќе биде организиран од новиот претседател кој треба да биде избран на 30 јуни.

Кандидирани се поранешните министри за одбрана и здравство, Славјанка Петровска и Венко Филипче, директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски.

Далиборка Демјанска Цветановска

Jumbo 2