Вести Економија

ЕЦБ ги намали каматните стапки

Европската централна банка со историска одлука по пет години да ги намали каматните стапки за 25 базични поени.

Управниот совет на банката одлучи да ги намали трите клучни каматни стапки за рефинансирање, на маргиналната кредитна линија и на депозитната линија.

Банката наведува дека врз основа на нејзината ажурирана проценка за изгледите за инфлација, динамиката на базичната инфлација и силата на преносот на монетарната политика, сега е соодветно да се олесни степенот на ограничувањата на монетарната политика по девет месеци задржување на стапките на стабилно ниво.

Во него се вели дека од состанокот на Управниот совет во септември 2023 година, инфлацијата паднала за повеќе од 2,5 процентни поени и дека изгледите за инфлацијата значително се подобриле.

Со намалувањето на побарувачката и одржувањето на инфлаторните очекувања на добро ниво, ова даде голем придонес во намалувањето на инфлацијата, велат од ЕЦБ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Утре нов протест во Кочани – родителите на 63. загинати ја бараат вистината и правдата

Дејан Дејан

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор

Дејан Дејан

Максим Димитриевски за владината реконструкција: Сите опции се на маса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе