Вести Македонија Топ вести

Листи на чекање во детските градинки низ земјава

Малите капацитет на градинките, но и невработување на кадар во изминатите две и пол години, поради нефукционирање на системот за добивање на лиценци на стручниот кадар создава листи на чекање во детските градинки низ земјава.

Во Штип околу 50 дечиња се на оваа листа и чекаат прием во некоја од градинките. Само во изминатите две и пол години по основ на пензионирање си заминале над 40 воспитувачки, негователки, но и технички персонал, а на нивните места никој не може да се вработи.

Санева забележува дека проблем е што законската регулатива не дозволува формирање на поголеми групи за помалите дечиња.

Во Штип планирано е зголемување на капацитетите на постоечките градинки, но и изградба на нова градинка. Проблемот со лиценците за стручниот кадар го потенцираат сите градинки во земјава. Околу 1.000 воспитувачки и негователки во земјава чекаат на фирмата, која го организирање тестирањето за добивање на лиценци.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Падна Фасада од зграда во Општина Карпош

Дејан Дејан

(живо) Повторно гори кај Блаце, сообраќајот во прекин, затворен и граничниот премин

Дејан Дејан

38 лица затруени со салмонела во фабрика во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе