Вести Економија Топ вести

Нема веќе субвенции за струја

Исчезна субвенција за струја. Процентот кој беше испишан во фактурите од април месец повеќе го нема.  Од претходната владина гарнитура тврдеа дека оваа  бројка покажува колку државата  покрива од трошокот за струја на домаќинствата.

Овие  пари со одлука на Влада му се префрлаа на ЕСМ и тоа дирекно од државниот буџет кој го полнат граѓаните и фирмите, но се нарекуваат субвенции. Првично изнесуваше  92 отсто, но подоцна процентот на поддршка се намали на 84.

Па реално би било некорекно на граѓаните да им се кажува дека има субвенција кога цената на ЕСМ е 57 евра, а цените на пазарот има денови кога се и 20 евра и 30 евра.  Едноставно случувањата на пазарот се такви да во најголем дел во изминатите два до три месеци цената е 60 до 70 евра, вели Претседателот на Регуалторна комисија за енергетика Марко Бислимовски

Меѓувреме се крои и новата цена на струјата.  Овој пат ќе се носи само за потрошената електрична енергија, но не и за мрежарината. Се прават и анализи дали има простор да се зголеми периодот во кои домаќинствата би имале дневна евтина тарифа.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе