Нема бел чад од Уставен. И по четвртиот круг гласање ниту една од двете кандидатки не доби потребно дво третинско мнозинство од 6 гласа за да стане претседателка на Уставен суд. Гласењето е тајно и на состанок затворен за јавноста но според изворите на Телма сите четири круга резултатот е ист, 5 гласа за Татјана Васиќ Бозаџиева а 4 за Ана Павловска Данева . Поради тоа изборот продолжува утре. Според деловникот постапката ќе се повторува додека не се избере претседател а тоа треба да заврши пред да и истече мандатот на актуелната претседателка Добрила Кацарска во недела 2 јуни затоа што во Уставниот суд нема заменик претседател ниту можност за вршител на должност. Изворите на Телма велат дека ова не е прв пат да се заглави изборот на претседател во Уставен. При еден избор тоа траело и три дена и потребните гласови ги добил трет кандидат кој во почетокот не бил во изборната трка.
Кандидатурите за претседател доагаат од уставните судии кои предлагаат некој од колегите. Како што дознава Телма Васиќ Бозаџиева во два круг била предложена од Елизабета Дуковска а во два од Фатмир Скендер . Павловска Данева била предложена од колешката Јадранка Дабовиќ Анастасовска. Во текот на денот почнале и лобирањата но резултатот не се менувал а ниту пак некоја од кандидатките планирала да се повлече.
Ана Павловска Данева е професор по административно право на правниот факултет Јустинијан Први. Од 2011 до 2104 беше пратеник од редовите на СДСМ а во нeјзината кариера беше и шеф на макеоднската делагација во Греко,
Васиќ Бозаџиева била на високи позиции во министерства и други државни институции е од 1998. Државен советник била во министерството за здравство за време на министрите Никола Тодоров и Венко Филипче од каде се враќа во правда за време на министерката Рената Дескоска. Нејзиниот избор во Собрание помина со многу критики од опозицијата кој ја критикуваа биографија дека нема доволно искуство и не може да влезе во категоријата истакнат правник.
Елена Ивановска-Муковска