Ракомет Спорт

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Алкалоид е вториот финалист во годинешното издание на ракометниот Куп на Македонија. Тимот од Автокоманда вечерва го совлада Вардар со 25:24 и в недела во Скопје ќе се бори за првиот трофеј во кусата клупска историја.

Најзаслужен за победата беше голманот Иван Галевски кој по истекот на шеесеттата минута одбрани удар од седум метри што го изведе Марко Срдановиќ.

Младиот чувар на мрежата беше херојот на Алкалоид бидејќи успеа да одбрани вкупно три седмерци, а најефикасен во победничкиот тим со седум гола беше Мартин Серафимов додека во редовите на Вардар, Милан Лазаревски шест пати се запиша меѓу стрелците.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе