Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Дел од Албанците не гласаат за претседател

Нема официјален бојкот на претседателските избори, но во дел од општините со претежно албанско население, одѕивот на овие избори е 3, па и 4 пати помал отколку за парламентарните.

Примерот со Липково го покажува тоа. До 13 часот, за претседател гласале 3,28 одсто од запишаните избирачи, а за пратеници тој процент е 17,07.

Во Боговиње, соодносот е 1 спрема 3. 5,17 одсто на претседателските избори, а 15,24 на парламентарните избори.

Слична е состојбата во Желино. 6,79 за претседател, 15,18 за пратеничките листи.

Во скопската општина Чаир, разликата е помала, но останува видлива. 12,94 одсто гласале за претседател, а 20,76 за избор на пратеници.

За разлика од неа, во скопската општина Центар речиси сите што гласале до 13 часот зеле две гласачки ливчиња и гласале на двојните избори. Или: 32,44 одсто за претседателските, 32,92 одсто за парламентарните избори.

Најмала е излезноста во Липково, а најголема во Крива Паланка со 46,44 одсто.

Групните информации покажуваат дека одзивот во однос на првиот круг е помал само за 0.7 одсто, а поголем од вториот круг на претходните избори во 2019-та, кога гласале 3,49 одсто помалку избирачи.

Додека вкупната излезност за претседателските избори е 23,95 одсто, за парламентарните избори е речиси 26 одсто од обработени 2472 избирачки места.  Најмала е во Маврово и Ростуше со 11,91 одсто а најголема во Кривогаштани со 48,65 одсто. Споредено со минатите избори од 2020-та, излезноста е поголема за 2,03 одсто.

Соња Николовска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе