Кошарка Спорт

Букер трет пат по ред постигнува 50+ поени против Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Девин Букер стана првиот играч во НБА-лигата по Вилт Чемберлен што постигнал 50 или повеќе поени на три натпревари по ред против ист противник. Кошаркарот на Феникс постигна 52 поени го победата од 124-111 на гостувањето кај Њу Орленс. Јусуф Нуркиќ имаше 19 поени и 19 скока за Санс, додека кај Пеликанс најмногу се истакна Зајон Вилијамсон со 30 поени.

Најдобриот тим во лигата Бостон славеше на гостувањето кај Шарлот со 118-104. Џејсон Тејтум и Сем Хаузер имаа по 25 поени за Селтикс, кои ја запишаа 11-тата победа на последните 13 натпревари. Мајсл Бриџис беше најефикасен кај Хорнетс со 26 поени.

Атланта оствари победа во Чикаго од 113-101, а Богдан Богдановиќ имаше 20 поени. Српскиот кошаркар имаше жестока расправија со тренерот Квин Снајдер при еден тајм-аут, но по натпреварот и двајцата потврдија дека не било ништо сериозно и дека кавгата била чисто кошаркарска, а не лична.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Детроит – Мемфис 108-110
Индијана – Бруклин 133-111
Орландо – Портланд 104-103

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе