Филмови

ЖЕНА ВО ВОЈНА – сабота, 16 март 2024 – 19:15

Хала е педесетгодишна независна жена. Но, зад сцената на тивка рутина, таа води двоен живот како страстен еколошки активист. Позната на другите само по нејзиниот алијас „Жената од планината“, Хала тајно води војна против локалната алуминиумска индустрија. Како што дејствијата на Хала стануваат се похрабри, од ситен вандализам до директна индустриска саботажа, таа успева да ги стопира преговорите помеѓу исландската влада и корпорацијата, за изградба на нова топилница на алуминиум во планините. Веднаш штом почнува да ја планира својата најголема и најхрабра операција досега, таа добива неочекувано писмо што менува сè. Нејзиното барање за посвојување дете конечно е прифатено и нејзе ја чека едно мало девојче од Украина. Додека Хала се подготвува да ја напушти улогата на саботер и спасител на Хајленд за да го исполни својот сон да стане мајка, таа решава да направи еден последен напад и да ѝ зададе осакатувачки удар на алуминиумската индустрија.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СРЕЌНИТЕ ЛОГАНОВИ – недела, 05 мај 2024 – 23:50

Дејан Дејан

ЌЕ СЕ ГРИЖАМ ЗА ТЕБЕ – сабота, 04 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ФЕСТИВАЛOТ НА РИФКИН – сабота, 04 мај 2024 – 19:40

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе