Изборната кампања за претседателските избори официјално започнува на 4 април, но кандидатите, особено, оние кои се сметаат за фаворити од двете најголеми партии одржуваат состаноци со партиските бази и реализираат други активности.
Во тек е увидот на Избирачкиот список, тече рокот за поднесување и барања од дијаспората за гласање на претседателските избори на 24 април и на парламентарните на 8 мај.
Според информациите на ДИК, вкупно 2.140 лица направиле увид во своите податоци во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, но за тоа колку лица ги провериле податоците по електронски пат од Комисијата велат дека немаат увид.
Крајниот рок за поднесување на барања за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список е до 18 март.
Рокот важи и за парламентарните и претседателските избори.