Кошарка Спорт

Јокиќ и Денвер го расипаа историскиот рекорд на Леброн Џејмс (ВИДЕО)

Леброн Џејмс испиша нова историја во НБА-лигата, но Лос Анџелес лејкерс загубија на домашен паркет од шампионот Денвер.

Џејмс стана првиот кошаркар во историјата што ја минал границата од 40.000 поени во кариерата. Пред натпреварот со Нагетс во „Крипто арената“, на ѕвездата на Лејкерс му беа потребни девет поени за да стигне до оваа магична бројка и тоа му успеа уште во втората четвртина. Натпреварот го заврши со 26 поени и сега има вкупно 40.017 поени. Домашниот тим го загуби натпреварот со 114-124 од шампионот. Никола Јокиќ имаше 35 поени и 10 скока, додека Џамал Мареј придодаде 24 поени и 11 асистенции.

Феникс на домашен паркет загуби од Хјустон со 109-118, а пораз пред своите гледачи запиша и Мемфис од Портланд со 100-107 по едно продолжение. Синоќа се одиграа уште два натпревари на кои Мајами ја совлада Јута со 126-120 и Бруклин беше подобар од Атланта со 114-102.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе