Филмови

КОРСЕТ – петок, 01 март 2024 – 22:15

Храбрата и субверзивна костимирана драма на режисерката Мари Кројц ја прикажува царицата Елизабета од Австрија (Сиси) која е на турнеја низ Европа и се обидува буквално и фигуративно да се ослободи од својот ограничувачки живот на кралскиот двор. Таа е идол на многумина заради нејзината убавина и е инспирација за модните трендови. Сиси го слави својот 40. роденден и мора да се бори за да го одржи својот јавен имиџ стегајќи го корсетот сè повеќе и повеќе. Нејзината улога е стриктно протоколарна, спротивно на нејзините желби, нејзината жед за знаење и желбата за живот ја прават да биде сè повеќе и повеќе вознемирена во Виена. Се чувствува осамено, здодевно и старо, му се спротивставува на сопругот, царот Франц Јозеф и се обидува да се повлече од јавниот живот наместо да носи превез на лицето, да се подвргнува на напорни физички вежби и да се се опседнува со тежината. Нејзината иднина се само церемонијални обврски. Елизабета се бунтува на ограничувањата на кралското семејство и на нереалната слика што светот ја има за неа.

Сценаристката и режисерка Мари Кројц и нејзината женска екипа, се придржуваат до историските записи за Сиси. Филмот избегнува величење херои, менувајќи го имиџот на „сентименталната Сиси“ како што е претставена во безброј филмови, со жена која е многу повеќе од жртва на својот позлатен живот. Ова е студија за гневот, царицата на Кројцер има маани, нарцисоидна е и многу модерна и се прашува што ќе ѝ остане кога моќта поврзана со нејзината убавина ќе исчезне. Во конкуренцијата Un Certain Regard филмот ја освои Наградата за најдобра изведба, а на Сараево филм фестивал наградата за Најдобра женска улога.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

БИТКА СО ДРОИДИТЕ – петок, 17 мај 2024 – 22:15

Дејан Дејан

ДОМИНО-недела, 19 мај 2024-22:15

Дејан Дејан

НИЧИЈА ЗЕМЈА-сабота, 18 мај 2024-22:15

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе