Спорт Фудбал

Клубовите за десет години потрошиле 75 милијарди евра

Со објавувањето на податоците за финансиското работење на клубовите направена е анализа на трошоците направени во изминативе 10 години и според неа клубовите од 20 национални шампионати во изминативе 10 години во преодните рокови потрошиле вкупно 75 милијарди евра.

Најголем процент од парите кои се завртеле во последнава деценија се на Островот. Членовите на Премиер лигата потрошиле вкупно 13,8 милијарди евра од кои осум се за играчи од домашниот пазар додека останатите пет се за фудбалери кои доаѓаат од целиот свет. На второто место е Италија со сума од 9,8 милијарди евра.

Процентуално, клубовите на Апенинскиот полуостров скоро идентично трошеле пари на странци и домашни играчи. Трета е Франција со нешто повеќе од осум милијарди евра, а повеќе од две третини или 74,4 проценти од парите се потрошени на играчи од странство.

Преку седум милијарди евра во последните 10 преодни рока потрошиле клубовите од Германија и Шпанија и тие се во идентична позиција како и тимовите во Франција бидејќи скоро 70 отсто од парите се инвестирани во засилувања од странство.

Најдрастични примери за купување на играчи од други земји Бележиме во Австрија каде процентот е 97,2, а преку деведесет отсто имаат Украина, Данска, Португалија, Хрватска, Швајцарија и Холандија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе