Од кога се сеќаваат, семејството Соле секое лето го поминува берејќи праски во нивниот овоштарник во Алкарас, мало село во Каталонија. Но, овогодинешниот род можеби ќе им биде последен, бидејќи се соочуваат со иселување. Новите планови за земјиштето, кои вклучуваат сечење на праските и поставување соларни панели, предизвикуваат раздор во ова големо, тесно поврзано семејство. За прв пат се соочуваат со неизвесна иднина и ризикуваат да загубат повеќе од својот овоштарник.
Фимот доби Златна мечка за најдобар филм на фестивалот во Берлин во 2022.