Кошарка Спорт

Дончиќ и Ирвинг незадржливи против Бруклин (ВИДЕО)

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг го водеа Далас до победа од 119-107 на гостувањето кај Бруклин во рамки на НБА-лигата.

Словенецот постигна 35 поени, 18 скока, а му недостигаше само уште една асистенција за трипл-дабл. Неговиот суперстар партнер Ирвинг пак имаше 36 поени против својот поранешен тим. Микал Бриџис најмногу се истакна кај Нетс со 28 поени.

Феникс славеше против ослабениот Милвоки со 114-106. Девин Букер постигна 32 поени, а Кевин Дурент имаше 28 поени со 10 скока. Кај Бакс, Јанис Адетокумпо запиша 34 поени и 10 скока, но ја немаше помошта од Демијан Лилард, кој имаше повреда на скочниот зглоб, а отсутен беше и Брук Лопез.

Чикаго ја совлада Минесота во продолжението со 129-123, Јута пак беше подобра од Оклахома со 124-117, а победи остварија и Индијана, Мајами и Њујорк .

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе