Кошарка Спорт

МЗТ во АБА2 ќе ги лечи раните од лошата форма во домашното првенство

ТФТ Скопје вчера против Подгорица го запиша седмиот пораз на осмиот натпревар во рамки на АБА2-лигата. Денеска МЗТ Скопје ќе го игра својот прв натпревар на турнирот во Нови Сад, а противник е тимот на Шенчур.

Македонскиот шампион ќе се обиде да ги залечи раните од лошиот старт на годината во домашното првенство. АБА2-лигата е шанса за МЗТ да ја врати самодовербата по двата двата порази на дерби средбите против Пелистер и Работнички.

„Сино-белите“ од Аеродром имаат четири победи и три порази сезонава, па се наоѓаат во зоната за плејоф. Токму тоа е амбицијата на македонскиот првак да биде во првата половина од табелата. Денешниот ривал Шенчур има скор од 3-4, па МЗТ мора да победи за да направи исчекор и да не заостане во борбата за ТОП 8.

На последниот натпревар во АБА2 во декември, аеродромци загубија од Суботица, но денеска ќе бидат засилени со новиот кошаркар Харис Делалиќ, кој дојде од таборот на Игокеа.

Натпреварот помеѓу МЗТ и Шенчур денеска се игра од 21 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе