Кошарка Спорт

Дончиќ броеше до 45, нов трипл-дабл за Јокиќ (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште еден феноменален натпревар за Далас во НБА-лигата и го предводеше својот тим до победа од 131-129 против Орландо. Словенецот постигна 45 поени, а имаше и 15 асистенции. Голема помош доби и од Тим Хардавеј Јуниор, кој пак реализираше 36 поени.

Денвер го расипа дебито на Док Риверс на клупата на Милвоки и славеше со 113-107. Никола Јокиќ стигна до својот 14-ти трипл-дабл сезонава со 25 поени, 16 скока и 12 асистенции. Џамал Мареј помогна со 35 поени, а кај Бакс, Јанис Адетокумпо имаше 29 поени и 12 скока.

Лос Анџелес лејкерс загубија на гостувањето кај Хјустон со 135-119, Бостон го победи Њу Орлеанс, а победничката низа од пет натпревари на Клиперс заврши кај Кливленд. Во дербито на Западот, Оклахома пред своите гледачи загуби од Минесота со 101-107.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Ѓорче Петров убедлив против бранителот на трофејот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе