Спорт Тенис

Синер со епски пресврт против Медведев до дебитански грен слем трофеј

Јаник Синер направи епски пресврт во финалето на Австралија опен против Данил Медведев за да дојде до својата прва грен слем титула. За младиот 22-годишен Италијанец ова беше четврта победа по ред во меѓусебните дуели со Русинот.

Медведев одлично го почна финалето во Мелбурн и ги освои првите два сета со по 6-3. Синер се разбуди во продолжението и направи голем пресврт па со 6-4, 6-4 и 6-3 стигна до дебитантскиот голем трофеј.

Русинот сега има една победа и пет порази во грен слем финалињата. Синер стана првиот Италијанец уште од 1976-тата година и само третиот во историјата на оваа земја што освоил грен слем трофеј. Медведев очигледно не можеше да го издржи темпото физички, бидејќи на овој турнир одигра четири меча во пет сета и постави рекорд за најмногу време поминато на теренот.

За потсетување, вчера во женското финале Арина Сабаленка ја освои титулата по победата на Чинвен Женг.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјално: Ираола две години на клупата на Ливерпул

Sportska Redakcija

Продолжува бајката на Хвалинска: Квалификантката ќе игра финале на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Димитриевски награден со нов договор за одличните настапи за Валенсија

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе