Спорт Формула 1

Леклер потпиша нов договор со Ферари

Формула 1 тимот Ферари го продолжи договорот со Шарл Леклер. Возачот од Монте Карло имаше договор до завршувањето на оваа 2024 година, но италијанскиот тим реши да го задржи на подолго. Засега не е објавено до кога ќе трае соработката помеѓу Ферари и Леклер.

Последната шампионска титула на Ферари во Формула 1 шампионатот е во 2007 година кога славеше Кими Раиконен, па тимот од Маранело се надева дека Леклер конечно ќе го скрши проклетството. Шпекулациите велат дека новиот договор на пилотот е до крајот на 2029 година. Од сегашната плата од 25 милиони евра, што ќе ја земе за 2024 година, до истекот на новиот договор истата ќе порасне до фантастични 50 милиони евра годишно.

Леклер во 2016 година ѝ се приклучи на Академија на Ферари за млади возачи, а веќе во 2018 година доби место во Заубер. По импресивните настапи, веднаш беше прекомандуван во Ферари, тим за кој изминативе пет сезони оствари вкупно пет победи, а вкупно 30 пати се искачи на подиумот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе