Кошарка Спорт

Ембид до Јокиќ: Ти си најдобриот играч во НБА-лигата (ВИДЕО)

Во НБА-лигата утринава на програмата беа само три натпревари, но сите беа своевидно дерби.

Најинтересно беше во дуелот помеѓу последните МВП-кошаркари во лигата, Жоел Ембид и Никола Јокиќ. Филаделфија го победи шампионот Денвер со 126-121. Ембид ги предводеше Сиксерс со 41 поен и 11 асистенции, но Камерунецот по натпреварот му дофрли на Јокиќ, „ти си најдобриот играч во лигата“. Српскиот центар го заврши натпреварот со 25 поени и 19 скока.

Лос Анџелес клиперс ја запишаа деветтата победа на последните 11 натпревари откако утринава на домашен паркет беа подобри од Оклахома со 128-117. Пол Џорџ имаше рекордни сезонава 38 поени за Клиперс, а Каваи Ленард и Џејмс Харден постигнаа по 16 поени. Кај Тандер најдобар беше Џејлен Вилијамс со 25 поени.

Феникс го заврши натпреварот со 23-4 за триумф о д119-117 против Сакраменто. Грејсон Ален имаше 29 поени за Санс, а Кевин Дурент запиша 27. Кај Кингс, Домантас Сабонис имаше трипл-дабл со 21 поен, 12 скока и 11 асистенции, а Деарон Фокс постигна 33 поени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АЕК бара натпреварот со Алкалоид да биде презакажан

Дејан Дејан

Гиљермо останува на клупата на Вардар и следната сезона

Дејан Дејан

Милевски одбра 27 фудбалери меѓу кои и еден дебитант за Белгија и Казахстан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе