Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ.
Неофицијално се дознава дека на овој состанок од страна на претседателот Димитар Ковачаевски се очекува Јован Митрески да биде предложен за Претседател на Собранието и потврден од страна на раководството и Извршниот одбор на СДСМ.
Ковачевски го закажал состанокот на партиското раководство вчера додека се уште траел состанокот на ДУИ кога актуелниот спикер, Талат Џафери е предложен за технички премиер во предизборниот период.
Јован Митрески во моментот е координатор на пратеничката група на СДСМ, и е пратеник во втор во низа мандат во Собранието, избран во 5-тата изборна единица.

Од собраниската фотеља во премиерската. Талат Џафери ќе ја предводи техничката влада три месеци пред изборите. Одлуката ја донело Централното претседателство на ДУИ на попладневниот состанок во партиското седиште. Како компензација за изгубеното премиерско место, дознаваме дека, на местото на Џафери во Собранието ќе седне досегашниот координатор на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески. За… Продолжи со читање













