Спорт Фудбал

Јубилеен 1200. натпревар на Кристијано Роналдо

Португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо на вечерашниот натпревар против Ал Ријад ќе го одигра 1200. натпревар во кариерата.

По тој повод неговиот сегашен клуб Ал Наср ќе организира посебна прослава на која се очекува на трибините да има 25.000 навивачи кои ќе го одбележат историскиот натпревар во богатата кариера на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Триесет и седум годишниот Роналдо доколку вечерва четири пати ја затресе мрежата на противникот може да стигне до уште едно историско постигнување, а тоа е да стигне до бројката од 900 погодоци.

Кристијано Роналдо на големата сцена дебитираше во 2002 година на мечот меѓу неговиот прв клуб Спортинг Лисабон во дуелот со Брага.

За екипата од Лисабон одигра 31 натпревар и постигна пет гола. Потоа следува трансфер во Манчестер Јунајтед (346 меча и 145 погодоци), а кариерата ја продолжи во Реал Мадрид (438/450).

Во дресот на Јувентус на 134 дуели, 101 пат се запиша меѓу стрелците и како играч на Ал Наср има 45 настапи со 38 погодоци.

За репрезентацијата на Португалија има 205 настапи со 129 гола.

Рекордер по бројот на натпревари е англискиот голман Питер Шилтон со 1375 настапи, следува неговиот сонародник Пол Бесток (1286), а меѓу првите четири се уште Бразилците, Рожерио Сени (1237) и Фабио (1212).

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јокиќ МВП по трет пат во НБА лигата

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе