Кошарка Спорт

Лејкерс против Индијана во финалето на НБА-купот (ВИДЕО)

За премиерниот трофеј во НБА-купот ќе се борат тимовите на Лос Анџелес лејкерс и Индијана. На завршниот турнир, што се одржува во Лас Вегас, Лејкерс беа подобри од Њу Орлеанс, додека Пејсерс го елиминираа Милвоки.

Лејкерс ги прегазија Пеликанс со 133-89 во меч што беше неизвесен само во првата четвртина. Леброн Џејмс имаше 30 поени, а двоцифрене ефект во нападот имаа уште петмина од ростерот, меѓу кои Ентони Дејвис имаше дабл-дабл со 16 поени и 15 скока. Кај поразениот тимТреј Марфи со 14 поени беше најефикасен, додека Зајон Вилијамсон имаше 13.

На пресметката на Истокот беше поинтересно, а Индијана го совлада Милвоки со 128-119. Тајрис Халибартон со 27 поени беше најефикасен кај Пејсерс, а Мајлс Тарнер постигна еден поен помалку. Кај Бакс, Јанис Адетокумпо се истакна со 37 поени и 10 скока, додека Демијан Лилард имаше 24 поени.

Големото финале во Лас Вегас се игра во недела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе