Точно на пладне во Нион со жрепка беа одредени полуфиналните двојки за баражите за пласман на претстојното Европско првенство во фудбал што ќе се одржи следната година во Германија.
Во А Лигата на нации за место во решавачкиот меч ќе се соочат Полска – Естонија и Велс – Финска. Победниците од овие два дуели ќе се соочат во финалето чиј домаќин ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел.
Во Б Лигата, Израел го пречекува Исланд додека Босна и Херцеговина ќе се сретне со Украина и поуспешниот од овој натпревар ќе игра на домашен терен во финалето за пласман на континенталното првенство.
И во Ц Лигата двојките беа и претходно познати, а ќе играат Грузија – Луксембург и Грција – Казахстан. Победникот од првото полуфинале ќе биде домаќин на решавачкиот меч за учество на Европското првенство.
Полуфиналните дуели ќе се играат на 21 март, а финалните соочувања на програмата се пет дена подоцна.
ФОТО: Игор Паневски