Култура

Трката за претседател на ДПМ со двајца кандидати помалку

На претстојното Вонредно изборно собрание што ќе се одржи в сабота, членството на Друштвото на писатели на Македонија ќе избира претседател меѓу двајца кандидати, откако Гоце Ристовски на 13. ноември ја повлече кандидатураta, а Живко Грозданоски тоа го стори пред два дена.

Според Гоце Ристовски, разединетоста на членството е првата причина за повлекување на кандидатурата.

  • Тоа за мене беше показ дека со промената на раководството нема да се постигне посакуваниот напредок и дека по мое видување тоа може да се случи само со промени во секој поединечен член на ДПМ, што сметам дека сега, а можеби и во скора иднина, нема да се случи, вели прозаистот и драмски писател, Гоце Ристовски.

А, Живко Грозданоски кој и лани се кандидира за претседател, но не успеа во тоа, вели дека се откажал, поради друг ангажман.

  • Оваа година ќе бидам пред сè сосредоточен на еден личен ангажман во кој верувам, за кој пишувам, и кој веќе ги дава своите први плодови. Но, ќе се обидам на други начини да дадам придонес во книжевниот и во културниот живот, и ќе се трудам да го поддржувам Друштвото, вели писателот и книжевен критичар, Жарко Грозданоски.

Како кандидати за претседател на ДПМ сега остануваат Блаже Миневски и Мирче Нешовски. На Изборното собрание ќе се бира и претседател на Собранието, од кандидатите Иван Антоновски и Стефан Марковски, како и членови на Претседателството и на други тела на писателската асоцијација.  Вонредното изборно собрание следува откако на почетокот на минатиот месец мнозинството членови од Претседателството на ДПМ поднесоа оставки , незадоволни од работењето на претседателот Христо Петрески, кој  официјално се повлече од функцијата , по пиши- бриши оставките.

Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Реконструкцијата на Универзална сала во септември

Дејан Дејан

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе