На речиси 5 години од тргачната сообраќајка кај Ласкарци во која загинаа 16 патници судењето при крај. Денеска обивнителот Дарко Јакимовски го прецизираше обивнението а на слендото рочиште на 14 декември ќе даде и завршен збор. Долгото треање на судењето за роднините на жртвите е неприфатливо. Оценуваат дека супервештачењето кое се чекаше повеке од 1 година не пондуи ниту нови ниту поквaлитетни докзи и имаше за цел да ја лоцира вината само на возачот. За одбраната супервештачењето претставуваше врв на доказната постапка и само возачот има одговорност за трагичната несреќа.
Изборот на една од судијките во предметот на Александра Ристевска за скопска Aпелација во јавноста ја отвори и дилемата дали судењето ќе почне од почеток поради промена на судечкиот совет. Од Кривичен најавија дека ќе бара да биде делегирана додека да заврши овој предмет а од Судски совет одговорија дека ќе треба да се почека минатонеделениот избор да стане праовсилен, а дотогаш судиите да продолжат со предметите што ги имаат.
Во Врховен до сега не пристигнал приговор од незадоволчен судија но роковите течат од приемто на решенијата. Судијката од Кривичен Оља Ристова која не беше избрана поради недоволниот број гласови по “Бадентер”, додека поддршка добија судии кои беа зад неа на ранг листата, изборот го нарече скандалозен и најави дека ќе го оспори по повеке основи.
Елена Ивановска Мукоска