Ракомет Спорт

Лазаров: Се надевам на подобра реализација во Данска

Македонскиот вицепрвак Алкалоид утре му гостува на Бјерингбро-Силкеборг во рамки на 4.коло во Европската лига на ЕХФ. На првата средба во Скопје минатата недела, Данците славеа победа, но од таборот на нашиот состав сега се надеваат на подобра претстава на гости.

Силкеборг во Скопје го потврди својот фаворитски статус во групата Ф со победата од 23-31. Алкалоид иако имаше свои добри моменти на натпреварот, сепак потфрли во реализацијата. Тренерот Кирил Лазаров се надева дека токму овој елемент во играта ќе се подобри на утрешниот натпревар.

„Се надевам дека ќе имаме подобра реализација и на реваншот ќе покажеме поголема борбеност и поголема мотивираност“, изјави предводникот на Алкалоид.

Во досегашниот тек од Европската лига, нашиот тим има освоено еден бод од три натпревари. Загуби два пати дома од Војводина и Силкеборг, но стигна до големо реми на гостувањето кај шпанска Ла Риоха.

Натпреварот утре почнува во 20:45 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе