Кошарка Спорт

Пелистер потклекна во последниот период против Златибор

Пелистер го запиша третиот пораз во АБА 2 лигата, бидејќи вечерва загуби од домаќинот на турнирот Златибор со 84-76.

Тимот од Битола го испушти натпреварот во последниот период, кога противникот постигна 30 поени. Пелистер го контролираше водството во втората и третата четвртина, но слабиот финиш го чинеше уште еден пораз во регионалното натпреварување.
Александер Бернард беше најефиксен во редовите на македонскиот тим со 16 поени, додека кај Златибор најмногу се истакна Димитрије Николиќ со 22 поени.

Пелистер по пет натпревари има скор од две победи и три порази.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓоковиќ со поддршка за Ѓорческа: Македонија испишува историја на Вимблдон

Sportska Redakcija

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе